СДСМ: Волјата на граѓаните на референдум е обврзувачка

22.06.2018 10:39

Конечниот Договор со кој се става крај на деценискиот спор со Грција е патриотски чин со кој се гарантира и зајакнува македонскиот идентитет и се обезбедува иднината на граѓаните и државата како полноправна членка на НАТО и ЕУ...

Христијан Мицкоски не им се извини на граѓаните за пустошот што криминалното владеење на неговата ВМРО-ДПМНЕ го остави во Македонија. Не собра храброст ниту да ја поздрави позитивната вест за земјава, дека северноатлантскиот совет прифатил поканата за влез на Македонија во НАТО да биде ставена на дневен ред, реагираат од СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Како што можеше целата јавност да види, Мицкоски го бранеше штетното делување на Иванов и не го осуди ниту насилството, говорот на омраза и провокациите кон граѓаните, новинарите, полицајци и етничките заедници, стои во соопштението на СДСМ.

Конечниот Договор со кој се става крај на деценискиот спор со Грција е патриотски чин со кој се гарантира и зајакнува македонскиот идентитет и се обезбедува иднината на граѓаните и државата како полноправна членка на НАТО и ЕУ. Волјата на граѓаните на референдум е обврзувачка, велат од владејачката партија.