Постигнат договор за грчкиот долг
Целта на пакетот е да гарантира дека долгот на земјата е одржлив и дека Атина нема да се откаже од реформите.

Министрите за финансии на Eврoзоната се договорија за условите за излегување на Грција од третата спасувачка програма. Ќе ѝ доделат 15 милијарди евра од последната транша и ќе го продолжат рокот за враќање на дел од кредитите до 10 години.
Целта на пакетот е да гарантира дека долгот на земјата е одржлив и дека Атина нема да се откаже од реформите. По излегувањето од програмата Грција ќе биде под европско набљудување, и под многу поголема контрола отколку што беа Португалија, Кипар и Ирска.
За осум години Грција доби над 273 милијарди евра помош од кредиторите, Eврозоната и Меѓународниот монетарен фонд, во рамките на трите програми за спас.
