Демонстрации во Турција

26.02.2014 16:45

Масовни демонстрации во Турција, по објавувањето на прислушуваниот телефонски разговор на премиерот  Ердоган со неговиот син во којшто се зборувало за извлекување поголема сума пари од нивната куќа.. Ердоган ги негира обвинувањата. Протестите биле најмасовни во Истанбул и во Анкара кадешто неколку стотици луѓе се обиделе да влезат во седиштето на владејачката партија,  но биле спречени од полицијата која што ги растерувала со водни топови..

Масовни демонстрации во Турција, по објавувањето на прислушуваниот телефонски разговор на премиерот  Ердоган со неговиот син во којшто се зборувало за извлекување поголема сума пари од нивната куќа.. Ердоган ги негира обвинувањата. Протестите биле најмасовни во Истанбул и во Анкара кадешто неколку стотици луѓе се обиделе да влезат во седиштето на владејачката партија,  но биле спречени од полицијата која што ги растерувала со водни топови.. Тензијата во Турција расте во пресрет на локалните избори во март како и поради усвојувањето на законот за контрола на интернетот.  

Египет

Судот во Египет им одреди смртна казна на 26 лица под обвинение за терористички заговор и напад на бродовите во  Суецкиот канал. Во образложението се вели дека групата сакала да го наруши националното единство во Египет, поттикнувајќи насилства врз армиските сили. Конечната одлука треба да биде соопштена на 19-ти март.

Венецуела

Во Венецуела е убиен поранешен светски боксерски шампион антонио сермено. Телото на „Ел колос“ како што го нарекувале, било пронајдено крај автопат, еден ден откако тој и неговото семејство биле киднапирани. Ова е прво убиство во земјата откако поранешна мис Венецуела и актерка била пронајдена мртва во автомобил заедно со нејзиниот сопруг. Претседателот Мадуро вети дека ќе ги зајакне напорите во борбата против криминалот.