БРИСЕЛ

ЕУ воведе царини за американски производи

22.06.2018 10:56

Европските царини генерално ќе бидат од околу 25 отсто.

Реципрочните трговски мерки на Европската унија против најавените царини на САД врз челик и алуминиум стапија во  сила.

Европските царини генерално ќе бидат од околу 25 отсто. Според официјален извор, унилатералната и неоправдана одлука на САД не им остава друг избор.