РУСИЈА

Болтон оди во Москва на подготовки за средбата Трамп- Путин

22.06.2018 11:18

По Белата куќа, информацијата ја потврди и Кремљ. Путин претходно изјави дека е подготвен за состанок со Трамп...

Американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон идната недела оди во Москва за да го организира евентуалниот состанок на американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин.

По Белата куќа, информацијата ја потврди и Кремљ. Путин претходно изјави дека е подготвен за состанок со Трамп, потенцирајќи дека многу земји, а особено Австрија, изразуваат желба да бидат домаќин на средбата.

За локација ќе биде одредена европска земја, известуваат медиумите.