ЈАПОНИЈА

Силна ерупција на јапонскиот вулкан Шинмоедаке

22.06.2018 12:07

Во Осака претходно беше регистриран земјотрес од 6,1 рихтер. Загинаа пет лица, меѓу кои и деветгодишна ученичка, додека стотина се повредени.

Вулканот Шинмоедаке во Јапонија во експлозивна ерупција исфрли чад повеќе илјади метри во висина.

Во Осака претходно беше регистриран земјотрес од 6,1 рихтер. Загинаа пет лица, меѓу кои и деветгодишна ученичка, додека стотина се повредени.

Вулканот Шинмоедаке се наоѓа во рурално подрачје на островот Кјушу. Локацијата е дел е и од филмот за Џемс Бонд „Само двапати се живее“ од 1967 година.