Кривичен суд

Прифатено обвинението за собраниските настани од 27-ми април

22.06.2018 13:56

Откако ќе биде формиран кривичен предмет, ќе биде закажан и термин за главна расправа, а за датумот јавноста дополнително ќе биде известена, велат од судот.

Прифатен е обвинителниот акт поднесен од Јавното обвинителство за настаните во Собранието на Република Македонија на 27-ми април минатата година, соопшти Кривичниот суд.

„Советот за оценка на обвинителен акт при одделението за гонење организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи во оценка на обвинителниот акт со КОК ООА 10/18 повезан со настаните од 27 април 2017 год. кои се случија во Собранието на Р.Македонија, одржа не јавна седница за оценка. По детелно разгледување на сите приговори поднесени од одбраната и обвинетите како и ценење на фактите и доказите приложени во обвинителниот акт донесе решение со кое го одобри обвинителниот акт во целост“, се вели во соопштението на судот.

Откако ќе биде формиран кривичен предмет, ќе биде закажан и термин за главна расправа, а за датумот јавноста дополнително ќе биде известена, велат од судот.

Јавното обвинителство поднесе обвинителен акт против 30 лица во врска со собраниските настани.