Холанскиот Парламент даде зелено светло Македонија да почне преговори со ЕУ
Со одлуката на Парламентот, Европскиот совет се очекува да гласа „за“ отворање преговори за членство со Македонија за време на состанокот закажан за 28-ми и 29-ти јуни, пренесуваат холандските медиуми.

Холандскиот Парламент даде зелено светло Македонија да почне преговори со Европската унија. Со одлуката на Парламентот, Европскиот совет се очекува да гласа „за“ отворање преговори за членство со Македонија за време на состанокот закажан за 28-ми и 29-ти јуни, пренесуваат холандските медиуми.
Холандскиот Парламент претходно блокираше отворање пристапни преговори на Албанија со Европската унија. Потегот е преземен пред Самитот на Унијата следната седмица, кога Тирана очекува да добие одобрување за почеток на преговори за членство.
Советот на ЕУ за општи работи, в понеделник и во вторник ќе разгледува почеток на пристапни преговори на Албанија и на Македонија. В четврток и петок е состанокот на шефови на држави и влади на членките на ЕУ.
