Инфраструктура

Почна изградбата на експресниот пат Ранковце- Крива Паланка

22.06.2018 14:50

Проектот е вреден над 58 милиони евра, пари обезбедени од Светска банка. Делницата е во должина од 23 километри. Надлежните очекуваат новиот пат да обезбеди побезбеден транспорт, но и да го поттикне економскиот раст...

Три години ќе трае изградбата на експресниот пат Ранковце- Крива Паланка, во должина од 23 километри. Капиталниот проект се финансира со над 58 милиони евра, пари од Светска банка. Надлежните велат дека речиси целосно е извршена експропријација на земјиштето.

Со новиот пат ќе се обезбеди побрз и побезбеден сообраќај, што ќе придонесе и за економски развој на овој регион. Министерот за транспорт Сугарески вели дека инвестициите во патната и во железничка инфраструктура во североисточниот регион се во вредност од речиси половина милијарда евра.

Со изградбата на Коридорот 8 и на Коридорот 10 ќе се заокружи оваа инфраструктурата според европските стандарди. Во моментов се градат околу 80 километри патни правци. Од август ќе се градат и нови експресни патни правци.

 

Дијана Ценевска