Судот го прифати обвинението за настаните во Собранието од 27-ми април
„Прифатен обвинителниот акт за настаните во Собранието на 27-ми април минатата година“, соопшти Кривичниот суд. Советот за оценка детално ги разгледал приговорите поднесени од одбраната и обвинетите како и приложените факти и докази по што донел решение со кое го одобрува обвинителниот акт. Откако ќе биде формиран кривичен предмет согласно со АКМИС- системот ќе биде закажан термин за главна расправа...

Прифатен e обвинителниот акт за собраниските настани од 27-ми април, соопшти Основниот суд Скопје 1. Од судот информираат дека Советот за оценка на обвинителен акт, по детелно разгледување на сите поднесени приговори од одбраната, ценејќи ги приложените факти и докази, донел решение со кое е одобрен обвинителниот акт во целост. По формирањето на кривичен предмет преку АКМИС- системот ќе биде определен судија, по што ќе се закаже и термин за главната расправа.
Со Обвинението се опфатени 30 луѓе. Дваесет и осум лица се обвинети за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, а двајца за помагање.
Меѓу обвинетите се петмина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, поранешниот министер за внатрешни Митко Чавков и дел од луѓето кои се јавуваа како организатори на протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“, Игор Дурловски, Богдан Илиевски, Владо Јовановски, Борис Дамовски.
Миле Ристески
