ЕК препорача преговори со Македонија, одлуката е во рацете на Советот на ЕУ
Одлуката е во рацете на Советот на ЕУ, нагласи портпаролката на Комисијата.

Европската комисија денеска соопшти дека во годинашните извештаи за Македонија и за Албанија се препорачува почнување преговори за членство во Европската унија. Одлуката е во рацете на Советот на ЕУ, нагласи портпаролката на Комисијата.
„Договорот за прашањето за името беше ратификуван од Собранието во Скопје. Како што знаете, идната недела во Советот за општи работи ќе се разговара за целиот процес за проширување, откако Европската комисија во април ги претстави годишните извештаи заедно со препораките. Сега земјите- членки треба да донесат одлука, таа е во рацете на Советот. Ние ја завршивме нашата работа. Договорот за името е јавен и немам дилеми дека ќе се преземат чекорите на коишто се обврзаа двете страни“, изјави портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич.
