Цените на доматите драстично паѓаат
Побарувачка нема поради што презреаниот зеленчук веќе не е за на пазар туку само за конзервната индустрија, се жалат земјоделците. За решавање на проблемот од Министерството велат дека ги следат состојбите и се бараат начини да им се помогне на градинарите со организирање на пласман и дополнителни субвенции.

Земјоделците се жалат на ниските откупни цени на доматите. Минатата недела еден килограм одеше за пет денари, а една гајба од десет килограми за 50 до 60 денари, со што не може да се покријат ни основните трошоци.
Според земјоделците, поради слабиот интерес доматите веќе почуваат да презреваат и цените нагло паѓаат, а да биде полошо во пластениците има уште род за кој нема купувачи. И трговците потврдуваат дека со ваков квалитет доматите не се за на пазар и неможат да дадат повеќе од 15 денари за килограм и тоа за оние најквалитетните.
Производителите бараат да се интервенира во откупот, а од Министерството порачуваат дека веќе се договара вишокот да го откупат домашните преработувачи со предлог до владата и за дополнителни субвенции од 4 денар за предаден килограм.
Површините под домати се намалени за 40 проценти од лани и наместо со помалата понуда да има повисока цена, таа се ближи кон дното и може да се случи раните домати да престанат да се одгледуваат, велат градинарите.
Методија Трајков
