Годишен состанок на Комисиите за одбрана и безбедност од Парламентите од ЈИЕ

25.06.2018 09:47

Како што соопшти прес-службата на македонското Собрание, конференцијата ќе се фокусира на современите безбедносни предизвици во Југоисточна Европа, зголемување на нетрадиционалните мисии на војската и добрите практики на парламентарниот надзор над одбранбениот и безбедносниот сектор.

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија, во соработка со Центарот за безбедносна соработка РАЦВИАЦ, од денеска до 26 јуни ќе бидат домаќини и организатори на Годишниот состанок на претставниците на Комисиите за одбрана и безбедност од Парламентите на земјите на Југоисточна Европа.

Како што соопшти прес-службата на македонското Собрание, конференцијата ќе се фокусира на современите безбедносни предизвици во Југоисточна Европа, зголемување на нетрадиционалните мисии на војската и добрите практики на парламентарниот надзор над одбранбениот и безбедносниот сектор.

На отворањето на Конференцијата ќе се обратат претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, директорот на РАЦВИАЦ Хајдар Берк и заменик-претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

На форумот се очекува учество на повеќе од 30 парламентарци, членови на комисиите за одбрана и безбедност и повеќе од 20 државни службеници од регионот на Југоисточна Европа, како и поголем број експерти, амбасадори и претставници на меѓународни заедници кои се ангажирани по овие прашања.