Иванов телефонски му ја честита на Ердоган победата на изборите
25.06.2018 10:42
Во телефонскиот разговор, како што информираат од Кабинетот на шефот на државата, биле разменети мислења за актуелните политички случувања во двете земји, при што претседателот Иванов се заблагодарил за досегашна поддршка од Турција...

претседател Иванов му ја честита на Ердоган победата на изборите во Турција и му посака успешно извршување на претседателската функција.
Во телефонскиот разговор, како што информираат од Кабинетот на шефот на државата, биле разменети мислења за актуелните политички случувања во двете земји, при што претседателот Иванов се заблагодарил за досегашна поддршка од Турција и изразил уверување дека и во иднина ќе продолжи силното пријателство и соработката меѓу двете држави.
