Делумно приближени ставовите во ЕУ за миграцијата

25.06.2018 12:03

Според францускиот претседател Макрон, главниот проблем за Европската унија се „секундардните движења“, односно оние мигранти и бегалци кои се веќе во Шенген зоната, што им овозможува слободно да се движат од една во друга земја.

Лидерите кои учествуваа на неформалниот мини-самит посветен на миграцијата, порачаа дека успеале делумно да ги приближат ставовите. Сепак, многу малку детали од разговорите изглегоа во јавност и ниеден конкретен предлог се уште не е објавен.

Според францускиот претседател Макрон, главниот проблем за Европската унија се „секундардните движења“, односно оние мигранти и бегалци кои се веќе во Шенген зоната, што им овозможува слободно да се движат од една во друга земја.

Унгарија, Полска, Чешка и Словачка, не присуствуваа на состанокот бидејќи се спротиставуваат на заеднички и солидарни решенија за миграциската криза.