Преговори за повлекување на артилериското оружје меѓу Пјонгјанг и Сеул

25.06.2018 12:27

Изјавата на премиерот Јеон е прва официјална потврда од Сеул дека Јужна Кореја побарала од северот да дислоцира артилериско оружје за време на преговорите меѓу воени претставници на двете држави овој месец, објавија медиумите.

Пјонгјанг и Сеул водат преговори за повлекување на артилериското оружје на северот од заедничката корејска граница, изјави јужнокорејскиот премиер Ли Нак Јеон.

Северна Кореја има распоредено околу илјада артилериски рампи кои се закана за јужнокорејскиот главен град. Изјавата на премиерот Јеон е прва официјална потврда од Сеул дека Јужна Кореја побарала од северот да дислоцира артилериско оружје за време на преговорите меѓу воени претставници на двете држави овој месец, објавија медиумите.

Јужнокорејското Министерство за одбрана ги негираше соопштенија како и тврдењата дека Пјонгјанг исто така побарал од сеул да го повлече своето артилериско оружје од границата.