ВМРО- ДПМНЕ: СДСМ се откажа од сопствениот народ
Според опозициската партија, кога договорот ќе стапи во сила, македонските историски учебници, ќе ги пишува и рецензира Грција, а Македонците повеќе нема да учат македонска туку историја одобрена од грчки комисии.

СДСМ се откажа од сопствениот народ. За само една година Владата на чело со Заев ја брише вековната македонска историја, но и ја загрозува иднината на цела една нација, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија, кога договорот ќе стапи во сила, македонските историски учебници, ќе ги пишува и рецензира Грција, а Македонците повеќе нема да учат македонска туку историја одобрена од грчки комисии.
Македонија ќе биде единствена која се откажува од своите егзоними. Со овој договор се брише културното наследство на Македонија, што е нераскинлив дел од нашиот идентитет, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
