СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја лаже македонската јавност
Според владејачката партија, во договорот јасно стои дека приоритет им се дава на ендонимите, наместо егзонимите и тоа важи подеднакво и за двете страни.

При јавно објавен договор, ВМРО-ДПМНЕ се дрзнува да ја лаже јавноста, македонските топоними не се забрануваат. Според владејачката партија, во договорот јасно стои дека приоритет им се дава на ендонимите, наместо егзонимите и тоа важи подеднакво и за двете страни.
Се предвидува и формирање заеднички комитет, кој ќе работи во согласност со начелата и целите на УНЕСКО и Советот на Европа.
ВМРО-ДПМНЕ мора да престане со лажните вести и да се вклучи во процесот што обезбедува решение на 25- годишниот спор, што ги зајакнува и зачувува македонскиот идентитет, македонската посебност и македонскиот јазик, се вели во реакцијата.
