Новини во Законот за заштита од дискриминација

25.06.2018 13:53

Почитувањето на основните слободи од суштинска важност за меѓународниот кредибилитет на Македонија. Со новиот Закон за заштита од дискриминација до поефективна заштита на правата на граѓаните- појаснуваат од ресорот социјала. Дел од новините и повисоките казни. За потежок облик на дискриминација глобите се од 1.000 до 3.000 евра. Комисијата за заштита од дискриминација ќе има поголеми ингеренции и ќе се професионализира...

Соодветна правна заштита, општество во кое се негуваат различностите. Ова треба да го овозможи новиот текст на Законот за заштита и спречување од дискриминација. Презентирајќи ги новините, Царовска рече дека Законот е по европски терк и треба да обезбеди еднаквост за сите граѓани. Дел од новините и повисоки казни. За потежок облик на дискриминација глобите се од 1.000 до 3.000 евра. Дополнително, Комисијата за заштита од дискриминација ќе има поголеми ингеренции и ќе се професионализира.

„На овој начин се доближуваме до меѓународните стандарди, усвоени од ООН и Европската унија, а нашите граѓани добиваат соодветна правна заштита и општество кое ги негува различностите и овозможува услови за развој за сите. Остануваме посветени на зајакнување на владеењето на правото и унапредување на квалитетот на животот за сите, а преговорите за членство во ЕУ ќе ни дадат дополнителна енергија и поддршка за тие реформи, подвлече министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Сексуалната ориентација и родовиот идентитет првпат ќе бидат основ за дискриминација. Во судската заштита, се воведува тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес. Со ова граѓанските организации можат да поднесат тужба, ако со постапувањето на тужениот се дискриминирани поголем број лица. Ослободени од судски трошоци ќе бидат оние коишто ќе поведат судска постапка за заштита од дискриминација. Законот помина на владина седница, а во Собранието ќе се носи по скратена постапка, со европско знаменце.

 

Вкторија Милевска