Се утврдуваат евентуални пропусти за случајот со настраданите деца во Велес
Министерката Царовска денеска остварила средба со родителите. Тие еден месец ќе бидат сместени под кирија. Според Царовска на ова семејство и претходно му било понудено да биде сместено под кирија, но тие одбиле бидејќи сакале да им биде доделен стан од државата.

Се утврдуваат причините и одговорноста за трагедијата во која загинаа три деца во Велес. Институциите се на терен и наскоро треба да излезе извештајот.
Министерката Царовска денеска остварила средба со родителите. Тие еден месец ќе бидат сместени под кирија. Според Царовска на ова семејство и претходно му било понудено да биде сместено под кирија, но тие одбиле бидејќи сакале да им биде доделен стан од државата.
Во наредниот период, вели ресорната министерка, институциите заедно со родителите ќе поднесат барање до Комисијата за станбени прашања. Ќе се разгледува дали во Велес има постоечки стан или објект во кој може да бидат сместени.
