Драматичен пад во градежништвото

25.06.2018 14:02

Во првиот квартал од 2018- та година, бројот на издадени одобранија за градба е намален на 40,45 проценти во однос на претходната година. Од Здружението велат дека особено поразителен е и намалениот број на купени станови во новоградба во 2017-та година, кога купени биле само 963 станови.

Драматичен пад бележи градежништвото во земјава инофрмираат од Здружението на градежници при Стопанската комора на Македонија. Пад е забележан во однос на речиси сите параметри.

Во првиот квартал од 2018- та година, бројот на издадени одобранија за градба е намален на 40,45 проценти во однос на претходната година. Од Здружението велат дека особено поразителен е и намалениот број на купени станови во новоградба во 2017-та година, кога купени биле само 963 станови.

Според одобренијата за градење, во првите четири месеци од годинава е предвидена изградба на 2.150 станови, што е намалување од 29,64 проценти во однос на истиот период лани, кога биле предвидени 3.056. Иако во намален обем, како што укажуваат од комората, изградбата на станбени објекти и покрај големиот број непродадени станови продлжува.

Податоците на Државниот зваод за статистика, покажуваат дека лани биле изградени 5.622 стана, за 9,20 проценти помалку во однос на 2016 година кога биле изградени 6.192 станови. Најмногу се градело во скопскиот регион, а по општини во Аеродорм,  Карпош и Кисела Вода. Највисоки се цените во Центар каде изнесуваат 1.300 евра за метар квадратен, во Кисела Вода, Аеродром и Карпош од 950 до 1.050 евра.