Зголемен интересот за субвенциониран годишен одмор кај работниците со ниски примања
Одобрени 1.300 од вкупно 1.900 барања пристигнати до Министерсвото за економија за користење ваучери за одмор за работниците со ниски примања. Од ресорот велат дека одобрениот лимит од 30 милиони денари не е исполнет за што ќе следува нов оглас во август.

Расте интересот за ваучери за субвенциониран годишен одмор за работниците со ниски примања. Од Министерството за економија велат дека од вкупно 1.900 барања, условите ги исполниле и ваучери добиле 1.300 апликанти, што е за 68 проценти зголемување споредено со лани. Mинистерот Бектеши потенцира дека одобрениот лимит од 30 милиони денари сѐ уште не е искористен. Ќе има нов оглас во август.
Работниците може да ги користат ваучерите во еден од 30 хотели со кои Министерството потпиша меморандуми за соработка. Единствен услов за добивање поддршка за годишен одмор е паричните примања во семејството да не надминуваат 22.000 денари.
Од ресорот велат дека целта е зголемување на домашниот туризам и вон сезона.
Дијана Ценевска
