Шумски пожари во близина на Сан Франциско
Одделот за шумарство и заштита од пожари соопшти дека пожарите и натаму им се закануваат на стотици куќи и компании, но и дека засега нема информации за повредени или загинати.

Илјадници луѓе биле евакуирани поради шумските пожари што избувнаа во руралните области северно од Сан Франциско, Калифорнија. Одделот за шумарство и заштита од пожари соопшти дека пожарите и натаму им се закануваат на стотици куќи и компании, но и дека засега нема информации за повредени или загинати.
Околу 3.000 луѓе биле евакуирани од областа Лејк, каде што огнот зафатил површина од 31 квадратен километар и уништил 12 објекти.
На терен работат околу 230 пожарникари, кои со помош на хеликоптери, булдожери и друга опрема, се обидуваат да го стават пожарот под контрола. Сѐ уште не е утврдена причината за пожарите.
