Расправа по Предлог- законот за отпишување на камати за наплата на долгови

26.06.2018 11:07

Предмет на овој Закон е отпис на затезната, односно казнената камата која се однесува на главниот долг и трошоците на постапката која подлежи на отпис од моментот на поднесување на тужба за наплата на паричен долг пред надлежен суд до конечна исплата на паричното побарување, вклучувајќи ги и трошоците на постапката од страна на должникот.

Во Законодавниот дом, ново пленарно заседание. Меѓу другите точки, се очекува посебно внимание да привлече расправата по Предлог- законот за отпишување на камати за наплата на долгови. Предлог- текстот го усогласија власата и опозицијата. Опфатени се решенијата за извршување издадени од суд, заклучно со 1-ви јули 2011-та година, трансферирани кај нотар или извршител.

Предмет на овој Закон е отпис на затезната, односно казнената камата која се однесува на главниот долг и трошоците на постапката која подлежи на отпис од моментот на поднесување на тужба за наплата на паричен долг пред надлежен суд до конечна исплата на паричното побарување, вклучувајќи ги и трошоците на постапката од страна на должникот.

Со предлог- законските решенија не се согласуваат дел од синдикатите. Сојузот на синдикалните организации бараат негово повлекување и подготовка на нов закон.