Невреме

Ниски температури и снег во дел од Европа

26.06.2018 11:09

На планинскиот врв Кредарица во Словенија изутрината паднал снег. Снег го покри романскиот дел од Карпатите, а температурата на воздухот на одредени места падна под 9 степени целзиусови.

Во Европа невообичаено ниски температури за овој период од годината. На планинскиот врв Кредарица во Словенија изутрината паднал снег. Снег го покри романскиот дел од Карпатите, а температурата на воздухот на одредени места падна под 9 степени целзиусови.

Минус два степени се забележани на југозападот од планината во Тарк, а минус еден степен на врвот Ом. Најстудено во регионот било на Бјелашница во Босна и Херцеговина, каде биле измерени два степена.