Италија
Брод со 100 мигранти се закотви во Сицилија
26.06.2018 12:07
Градоначалникот на крајбрежниот град изјави дека добил одобрување од италијанското Министерство за внатрешни работи да му дозволи на пловилото заедно со луѓето да дојде во пристаништето.

Брод кој плови под данско знаме со повеќе од 100 мигранти се закотви во сицилијанското пристаниште Позало. Градоначалникот на крајбрежниот град изјави дека добил одобрување од италијанското Министерство за внатрешни работи да му дозволи на пловилото заедно со луѓето да дојде во пристаништето.
Министерот за внатрешни работи, Матео Салвини претходно ги затвори италијанските пристаништа за групите што спасуваат мигранти.
