Механизам за заштита на правата на потршувачите

26.06.2018 13:46

Воведување нов инструмент- Колективна заштита на правата на потрошувачите, бараат од Организацијата на потрошувачи на Македонија, кои спроведуваат активности во рамките на проектот „Преземи акција“. Потрошувачите се недоволно информирани, потребни се едукација и јавна свест, велат оттаму...

Одложување на авионски лет, недостиг од одреден производ, злоупотреба на личните податоци. Ова се најчестите проблеми со кои се соочуваат потрошувачите, велат од организацијата за нивна заштита. Сметаат дека граѓаните треба да се информираат за своите права.

Процесите за заштита на потрошувачките права се долготрајни и скапи, па оттука се смета дека поефикасно е да се поднесе колективна тужба кога има услови за тоа.

На овој начин, може да се постигне обесштетување, а не само казнување на трговецот или операторот.

 

Александра Спировска