ЕУ со двојни стандарди за малцинските права
Ниту една држава не е совршена при почитувањето на човековите права, истакна Специјалниот претставник на Европската Унија за човекови права Ставрос Ламбринидис во Вашингтон, индиректно посочувајќи дека и во Грција совршено не се почитуваат човековите права.
„Никој на светот не е совршен во почитувањето на човековите права. И ако некој се преправа дека е, тогаш нека се засрами, не ја зборува вистината“, рече Ламбринидис.

Ламбринидис не се задржа на конкретен проблем, но истакна дека секој од свој аспект посочува проблеми со човековите права одговарајќи што ќе преземе за подобрување на малцинствата во Грција вклучувајќи ги правата и на Македонците и зошто грчкиот Врховен Суд пресуди во корист на адвокат што поддржува неонацисти.
„Расте расизмот, ксенофобијата, и насилствата поврзани со овие појави. Се соочуваме со предизвик со правата на имигрантите и барателите на азил. Ова се сериозни предизвици за човековите права“, изјави Ламбринидис.
На средбите со американските претставници, Ламбринидис се заложил дека Европа и Америка заеднички треба да се борат за она што администрацијата на американскиот Претседател Барак Обама го посочува како приоритет, правата на хомосексуалците, жените и имигрантите.
Европската Унија назначи еврокомесар за човекови права во јули 2012-та година.