Премиерот Заев во работна посета на Полска
27.06.2018 10:29
Во Варшава, Заев ќе се сретне со својот полски колега Матеус Моравјецски, по што двајцата шефови на владите ќе одржат заедничка прес-конференција.

Владина делегација предводена од премиерот Заев е во работна посета на Полска. Во Варшава, Заев ќе се сретне со својот полски колега Матеус Моравјецски, по што двајцата шефови на владите ќе одржат заедничка прес-конференција.
Заев вчера престојуваше во Виена каде имаше средба со австрискиот премиер Себастијан Курц. Австрија најави поддршка за Македонија во процесот на преговорите со Унијата.
