Белград
Дачиќ во дводневна посета на Москва
27.06.2018 10:33
Се очекува да оствари средба со рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров и со потпретседателот на Владата на Руската Федерација...

Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ е во дводневна посета на Москва во рамки на редовни средби меѓу двете земји.
Се очекува да оствари средба со рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров и со потпретседателот на Владата на Руската Федерација и копретседател на Српско-рускиот меѓувладин комитет за трговија, економска и научна соработка Јуриј Борисов.
Во соопштението се наведува дека министерот Дачиќ ќе разговара за заеднички проекти во областа на економијата и инвестициите, како и за соработка на меѓународен план.
