Предлози за нов информациски систем за управување во патниот и товарниот сообраќај

27.06.2018 09:53

Решението треба да опфаќа структура на целокупната функционалност и техничка архитектура за електронско аплицирање на транспортните компании и управување со процесите за добивање на дозволи и решенија преку електронски систем од страна на Министерството за транспорт.

Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за транспорт и врски денеска организираат презентација на предложените решенија пристигнати на повикот за изнаоѓање иновативно решение за управување во областа на патничкиот и товарниот сообраќај „ПристАПП транспорт“.

Решението треба да опфаќа структура на целокупната функционалност и техничка архитектура за електронско аплицирање на транспортните компании и управување со процесите за добивање на дозволи и решенија преку електронски систем од страна на Министерството за транспорт.

Максималниот буџет на предлог проектот може да изнесува пет милиони денари, износ кој целосно ќе биде покриен од ФИТР.

Јавниот повик за финансирање проекти беше отворен од 18 април до 20 мај годинава. Целта е олеснување на пристапот до јавни услуги од страна на граѓаните, како и поголема ефикасност и транспарентност во работењето на јавниот сектор.