САД: Сојузни држави ја тужат администрацијата на Трамп
Трамп на 20-ти јуни потпиша указ со кој на имигрантските семејства, кои илегално ја минале јужната граница на САД, им се овозможува да бидат заедно додека го чекаат исходот од имигрантската постапка.

17 сојузни американски држави и дистриктот Колумбија поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп, за да ја запрат, како што велат, „суровата и незаконска“ политика на присилно раздвојување на имигрантските семејства, кои влегуваат од Мексико.
Трамп на 20-ти јуни потпиша указ со кој на имигрантските семејства, кои илегално ја минале јужната граница на САД, им се овозможува да бидат заедно додека го чекаат исходот од имигрантската постапка.
Во тужбата се вели дека политиката на администрацијата на Трамп делумно е неуставна, бидејќи е „мотивирана од злонамерност и желба да се повредат“ имигрантите, кои доаѓаат од Јужна Америка.
