ВМРО-ДПМНЕ: Заев е серизона закана за Република Македонија
Срамниот капитулански договор со кој се откажа од името Република Македонија и сѐ што е македонско, го правдаше со добивање датум за преговори, за да ги прикрие криминалните тендери и зделки, велат од оваа партија.

Зоран Заев е серизона закана за Република Македонија која мора да биде совладана, велат во ВМРО-ДПМНЕ. Срамниот капитулански договор со кој се откажа од името Република Македонија и сѐ што е македонско, го правдаше со добивање датум за преговори, за да ги прикрие криминалните тендери и зделки, велат од оваа партија.
Вчера јасно даде до знаеење дека со такви капитулански политики нема придвижување на патот кон Унијата. Според ВМРО-ДПМНЕ, членството бара работа и посветеност, а не трговија со државните интереси.
Со Заев прокоцкавме една година од иднината на Македонија, велат од партијата.
