Заев: Одлуката на ЕУ јасен патоказ за иднината на нашата држава
Заев денеска изрази, како што рече, огромно задоволство од вчерашната одлука за добивање датум за преговори со Европската унија во јуни 2019-та година.

Одлуката Унијата е јасен патоказ за иднината на нашата држава, вели премиерот Заев. Според него, одлуката е поттик за продолжување со реформите до постигнување на крајната цел- членство во ЕУ и во НАТО. Заев денеска изрази, како што рече, огромно задоволство од вчерашната одлука за добивање датум за преговори со Европската унија во јуни 2019-та година.
„Почетокот на преговорите за членство во јуни значи јасен патоказ за иднината на нашата држава и напредок во поглед на нашите европски интеграции. Сето она што го изминавме досега е препознаено во одлуката на Советот на министри за надворешни работи на земјите- членки на ЕУ и ни дава стимул и кураж да грабиме напред уште повеќе“, нагласи премиерот Заев.
Тој им се заблагодари на сите земји членки на Европската унија за оваа, како што рече, мотивирачка одлука за Македонија.
