Тимоние: Одлуката на ЕУ го одразува сработеното од Македонија и следните задачи

27.06.2018 12:14

„Ставот на Франција беше познат и познат е од вчера. Сега се наоѓа на одобрување пред шефовите на држави и влади на следниот состанок што ќе следи на самитот“, изјави амбасадорот Тимоние...

„Се работи за еден урамнотежен текст кој ги одразува напорите кои беа направени од страна на оваа земја и напорите кои останува да се направат. Со еден збор да кажам- напред, одете само напред“, истакна францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање за вчерашната одлука на Советот на ЕУ да ѝ даде условена препорака за почеток на преговори на Македонија во јуни 2019-та година.

„Ставот на Франција беше познат и познат е од вчера. Сега се наоѓа на одобрување пред шефовите на држави и влади на следниот состанок што ќе следи на самитот“, изјави амбасадорот Тимоние пред промоцијата на книгата „Европа, нашиот заеднички дом“ од Жан Моне.