Нов софтвер за ефикасен сообраќај
Транспортните компании ќе бидат поврзани со информациски систем што ќе помогне во издавањето дозволи и подобрување на услугите за граѓаните. Министерството за транспорт и врски во соработка со Фондот за иновации решението го најавува во соработка со пет домашни информатички компании...

Домашни ИТ компании ќе го креираат новиот систем во транспортот. Проектот предвидува за околу една година, фирмите од патничкиот и товарниот сообраќај да бидат поврзани преку софтвер со што поефикасно ќе се издаваат дозволите и ќе се подобрат услугите кон граѓаните.
Фондот за иновации и технолошки развој обезбеди пет милиони денари за поддршка на проектот. Пет компании од ИТ секторот доставиле предлози на повикот за новото софтверско решение.
Надлежните велат дека вакви решенија се планира да се применат и во други делови на јавниот сектор.
Дијана Ценевска
