Бошњаковски: Остануваме на реформскиот курс
Портпаролот Бошњаковски најави дека наскоро ќе биде објавен Планот 18 во кој ќе бидат содржани сите индикатори за тоа што треба да се сработи до јуни 2019-та. Посочи дека веќе се во тек реформите во судство, УБК и јавната администрација.

Откако Европскиот совет ѝ постави услов на Македонија да ги спроведе итните реформски приоритети, па да ги отпочне преговорите со Европската унија, од Владата со став дека нема отстапување од реформискиот процес.
Портпаролот Бошњаковски најави дека наскоро ќе биде објавен Планот 18 во кој ќе бидат содржани сите индикатори за тоа што треба да се сработи до јуни 2019-та. Посочи дека веќе се во тек реформите во судство, УБК и јавната администрација.
Одлуката на ЕУ Македонија да започне преговори за членство во јуни 2019-та година, покажува дека Македонија е препознаена како земја на позитивни промени и динамични економски реформи, изјави владиниот портпарол.
Бошњаковски истакна дека вчера бевме сведоци првпат во последните 15 години пријателски земји-членки на Европската унија да ги бранат интересите на македонските граѓани и како министри од регионот - Бугарија и Грција се залагаат за македонските граѓани.
