Мичел: САД го зајакнуваат ангажманот на Западен Балкан
Со активна американска дипломатија во соработка со Европската унија, ги поддржавме визионерските лидери, грчкиот премиер Ципрас и македонскиот премиер Заев во постигнувањето на историскиот успех во спорот меѓу двете држави за името. Загрижен сум од протестите во Грција и Македонија и потенцијалното руско мешање, рече Вес Мичел пред Сенатот...

Соединетите Американски Држави го зајакнуваат ангажманот на Западниот Балкан, изјави помошникот на американскиот државен секретар Вес Мичел пред Сенатот, кој расправаше за американската политика во Европа.
„Со активна американска дипломатија во соработка со Европската унија, ги поддржавме визионерските лидери, грчкиот премиер Ципрас и македонскиот премиер Заев во постигнувањето на историскиот успех во спорот меѓу двете држави за името. Загрижен сум од протестите во Грција и Македонија и потенцијалното руско мешање. Тоа го видовме во Црна Гора и мислам дека има шанси и во Македонија русите да пробаат да се мешаат“, изјави помошникот државен секретар за Европа и евроазиски прашања, Вес Мичел при сведочењето на Поткомитетот за Европа на Комитетот за надворешна политика на Сенатот.
Американскиот дипломат очекува да завршат формалните процедури во Грција и во Македонија за да НАТО упати покана за членство на Северна Македонија на Самитот во јули.
