Метео: Облачно и свежо со врнежи од дожд
27.06.2018 14:15
Пообилни врнежи се очекуваат во јужните делови особено претпладне. Ќе дува и слаб до умерен северозападен ветер.

Утре во Македонија ќе се задржи претежно облачно и свежо време со врнежи од дожд проследени со ретки грмежи.
Пообилни врнежи се очекуваат во јужните делови особено претпладне. Ќе дува и слаб до умерен северозападен ветер.
Од петок следува период на постепено затоплување на времето со намалување на врнежите, а целосно стабилизирање ќе има во текот на викендот.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
