Дескоска: Нема конечна одлука дали ќе се менува Законот за референдум
Министерката за правда, Рената Дескоска, вели дека уште не е донесена конечна одлука дали ќе има или не измени во Законот за референдум. Таа смета и доколку има измени истите ќе бидат од технички а не од суштински карактер.

Нема конечна одлука дали ќе се менува Законот за референдум, а и кога би се менувал тоа би биле технички интервенции, затоа што се работи за стар закон, вели ресорната министерка Дескоска. Во постојниот закон, на пример, стои заштита на правото на гласање што се разликува од заштита на избирачко право.
Референдумското прашање ќе го дефинира Собранието, а од распишување на референдумот до гласање може да поминат најмалку 60 дена, најмногу 90.
До моментов, посочи Дескоска, од Министерството не се побарани активности поврзани со референдум. Во однос на реформите, таа посочи дека се донесени Законите за судови и за судски совет, а се прават напори со консензус да се донесе и Законот за јавни обвинители, како и да се пронајде модел да се вклопи СЈО.
Според министерката, борбата со корупцијата останува еден од главните приоритети.
Фиљана Кока
