Шпанија
Каталонија: Одново отворање претставништва во странство
27.06.2018 13:41
Портпарол на каталонската влада изјави дека ќе бидат отворени претставништвата во Обединетото Кралство, Германија, Франција, Италија, Швајцарија и САД.

Каталонската регионална Влада донесе одлука повторно да се отворат шест од претставништвата во странство, кои беа затворени од страна на Мадрид по референдумот за независност на Каталонија. Портпарол на каталонската влада изјави дека ќе бидат отворени претставништвата во Обединетото Кралство, Германија, Франција, Италија, Швајцарија и САД.
Во изминатите месеци функционираше единствено претставништвото во Брисел. По 27 октомври лани, шпанската влада затвори десет од вкупно 11 странски претставништва на каталонската влада.
