ЕК: Почнуваат подготовките за преговори со Македонија и Албанија

27.06.2018 15:02

ЕК сега ја зпочнува работата на подготовки, како што стои во заклучоците на Советот и ќе продолжи да поддржува опипливи и одржливи резултати, особено во областа на судството, борбата против корупција и јавната админстрација...

Европската Комисија ја информираше јавноста дека по вчерашните заклучоци на министрите за надворешни работи на ЕУ за условен старт на преговори со Македонија и Албанија, ќе започнат подговотовките за тие преговори.

ЕК сега ја зпочнува работата на подготовки, како што стои во заклучоците на Советот и ќе продолжи да поддржува опипливи и одржливи резултати, особено во областа на судството, борбата против корупција и јавната админстрација, кои имаат голем импакт врз секојдневниот живот на граѓаните- рече портпаролот на Европската Комисија, Маргаритис Скинас.

Според вчерашната одлука на Советот на ЕУ, со исполнување на поставените услови Македонија и Албанија ќе можат да почнат преговори за членство во јуни 2019-та година.