Заев во Брисел на средби со Туск, Хан и Столтенберг

28.06.2018 10:04

Македонска владина делегација предводена од премиерот Заев во дводневна работна посета на Брисел...

Премиерот Зоран Заев попладнево во Брисел ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Средбата ќе се случи непосредно пред почетокот на состанокот на Европскиот совет.

Владината делегација ќе има и работна средба со комесарот за соседска политика на ЕУ и преговори за проширување, Јоханес Хан.

Шефот на Владата, денеска и утре во европската престолнина ќе учествува и на форумот „Кран Монтана“, на панелот иднината на Југоисточна Европа во Европската унија.

Македонскиот премиер според најавите, во седиштето на НАТО в петок ќе се сретне со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.