Матис го повика Пекинг на отворен дијалог
Секретарот за одбрана на САД, разговараше и со неговиот кинески колега со цел подобрување на односите меѓу двете држави и покрај тензиите во врска со трговијата и Јужното Кинеско Море

Американскиот државен секретар за одбрана Џејмс Матис во Пекинг на средба со кинескиот претседател, Си Џинпинг. Двајцата соговорници се согласиле дека меѓусебното почитување е важен фактор во спречување на конфликтите.
Секретарот за одбрана на САД, разговараше и со неговиот кинески колега со цел подобрување на односите меѓу двете држави и покрај тензиите во врска со трговијата и Јужното Кинеско Море. Матис ја истакна важноста од добри воени врски меѓу двете држави.
Посетата на Матис е засенета од кинеското незадоволство од одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп да воведе царини за кинески производи, потег кој предизвика реципрочен одговор од кинеска страна со воведување царини за американски производи.
