Образование
Втор уписен рок во средните училишта
28.06.2018 10:40
Слободни се вкупно 24.086 места, од кои за гимназиско, 6.068 и за стручно образование 17.900 места. Резултатите ќе бидат објавени утре.

Во средните училишта денеска се спроведува второ пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во учебната 2018- 2019 година.
Слободни се вкупно 24.086 места, од кои за гимназиско, 6.068 и за стручно образование 17.900 места. Резултатите ќе бидат објавени утре.
На првото пријавување се запишале 11.697 ученици. Како и во изминатите години, најголем беше интересот за гимназиите.
За учениците од 9-то одделение кои се упатени на поправни испити, испит на година и за побрзо напредување, ќе има втор уписен рок на 23-ти август, во училиштата во кои ќе има слободни места по јунскиот рок.
