ВМРО-ДПМНЕ: Македонија надвор од структурите на ЕУ поради неспособноста на власта

28.06.2018 11:03

Според опозициската партија, Заев и СДСМ повеќе од една година ги лажат граѓаните. ЕУ јасно порача дека за почеток на преговори единствено клучно е спроведувањето на реформите, а не продажбата на името.

Македонија остана надвор од структурите на Европската унија поради неспособноста на власта. СДСМ во својата изборна програма ветуваше датум за почеток на преговори до крајот на 2017 година и излажа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, Заев и СДСМ повеќе од една година ги лажат граѓаните. ЕУ јасно порача дека за почеток на преговори единствено клучно е спроведувањето на реформите, а не продажбата на името.

Македонија тапка во место, корупцијата е на високо ниво, институциите и судството се партизирани, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.