СДСМ: Политичко делување на Иванов е на штета на државата и граѓаните

28.06.2018 11:05

Со одбивањето на алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење Иванов им го ускартува правото на граѓаните редовно, точно и транспарентно да бидат информирани за трошоците од неговото работење, велат од СДСМ.

Целокупното политичко делување на Ѓорге Иванов е на штета на државата и граѓаните. Со одбивањето на алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење Иванов им го ускартува правото на граѓаните редовно, точно и транспарентно да бидат информирани за трошоците од неговото работење, велат од СДСМ.

Владата затоа и ја донесе оваа алатка за транспарентност и отчетност на трошоците кои ги прават владините функционери. Заложбите за целосно и навремено информирање на граѓаните за трошењето на нивните пари  и понатаму ќе се спроведуваат, се вели во дописот од СДСМ.