Вашингтон

САД: Воена база во Тексас за сместување имигранти

28.06.2018 11:35

Местата треба да бидат опремени според нормите утврдени од страна на американските власти, вклучително и тие за престој на деца.

Министерството за внатрешна безбедност на САД, бара на територија на воена база да се подготват места за сместување 12.000 илегални имигранти со нивните семејства, вклучувајќи и деца, приведени во момент на нелегално преминување на јужната граница на државата.

Местата треба да бидат опремени според нормите утврдени од страна на американските власти, вклучително и тие за престој на деца.

Предвидено е во нив да има клима, библиотеки, самостојни бањи со тушеви, како и медицински персонал.

Сѐ уште не е прецизирано која воена база е избрана за целта.