Струјата минимално ќе поевтини
28.06.2018 12:45
Подготвителната седница за цената на електричната енергија е закажана за утре, по што е најавена прес-конференција...

Се очекува мало намалување на цената на електричната енергија, но тоа ќе се знае по седницата на Регулаторната комисија за енергетика, закажана за утре. Од таму брифираат дека ЕВН побарале 9 насто зголемување за крајните потрошувачи, а ЕЛЕМ пак намалување од 1,5 проценти. Од МЕПСО не навеле процент.
Од Регулаторната комисија најавија дека ќе се поедностави процедурата за приклучок на струја, но и дека има можност да се намали цената, која сега изнесува 500-ни евра, во општини кои имаат детален урбанистички план.
