Турција ја укинува вонредната состојба
28.06.2018 11:59
Ердоган најавуваше дека таа ќе биде укината ако победи на изборите.

Турскиот претседател Ердоган и неговите партнери во Владата се договорија да не ја продолжуваат вонредната состојба во земјата, која истекува во јули, а беше воведена по неуспешниот државен удар пред две години.
Ердоган најавуваше дека таа ќе биде укината ако победи на изборите. Турција за неуспешниот Пуч го обвини исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој е во егзил во САД.
Досега во земјата се притворени 160 лица лица и се отпуштени речиси исто толку државни службеници.
